Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 30 Dec 2019 - 01 Jan 2020
Локација: Грција
Цена: 6 758 денари

Атина- Коринт-Епидаурус-
-Нафплион-Микена-Пиреа-Сунион

(4 дена / 2 ноќевања)

1 ден 29.12. СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата пред х.Холидеј Ин во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со
попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ден 30.12. АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови.
Панорамски разглед на градот : плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Олимпискиот Стадион, Храмот
на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Факултативно-
Традиционална грчка вечера со фолклорна програма. Ноќевање.
3 ден 31.12. АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен факултативен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот
амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – (Првата престолнина на Грција по Отоманскиот
период),Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Вечерта
предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. ***Вечерта Новогодишна
прослава на плоштадот Синтагма.*** Ноќевање
4 ден 01.01 АТИНА – ПИРЕА – СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен факултативен излет со посета на на нај големото патничко пристаниште во
Европа Пиреа . Пиреа е втор центар на Атина, нејзиното второ срце низ кое годишно поминуваат повеќе од
дваесет милиони патници.
По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа
споменикот на кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 02.01. СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА: 6758 денари (109 ЕУР)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Автобуски превоз на наведената релација
• Сместување на база 2 НП во хотел 3*
* Организирани разгледи и посети според програмата
• Организација на аранжманот и лицeнциран туристички пратител на групата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Задолжително патничко осигурување 150 ден
• Факултативна посета на Пелопонез (25 €)
• Факултативна екскурзија Пиреа (10€)
• Вечера во Таверна со програма (~35 €)
• Факултативна Новогодишна вечера во Таверна
• Влезници за локалитетите и други факултативни посети
Напомена:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
• Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.