Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 29 Dec 2019 - 01 Jan 2020
Локација: Будва и Дубровник
Цена: 5 580 денари

Будва со години е една од хит Новогодишните дестинации – заради нејзините природни убавини, заради интересните патувања и градови кои се посетени за време на патувањето, заради одличното вино и добрата храна што ја нуди овој медитерански бисер, а пред се заради нејзиниот врвен квалитетен ноќен живот и организација на најдобриот новогодишен пречек во овој дел на Европа! Запознајте се со убавините на Будва, дознајте од прва рака зошто ја нарекуваат „Дубровник во мало“, посетете ја Будва … и забавувајте се на пречекот на Новата 2020 година!

Ден 1 – Недела (29.12.2019) – СКОПЈЕ – БУДВА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 22:00ч. Поаѓање на автобусот за Будва во 22:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

Ден 2 – Понеделник (30.12.2019) – БУДВА

Во раните утрински часови пристигнување во Црна Гора. Најпрво се упатуваме во посета на Острошкиот манастир, кој е наоѓа на надморска височина од 900 метри, издлабен во карпа и e издигнат над рајските шуми. Манастир кој датира од 17 век и е секојдневно прибежиште на илјадници верници. Упатување кон Будва. Пристигнување и сместување во хотел. Попладнето прошетка во стариот дел на Будва, градските ѕидини како и индивидуални посети. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 – Вторник (31.12.2019) – ДУБРОВНИК – БУДВА

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник. Индивидуална прошетка низ стариот дел на градот: Страдун, Дубровачките градски ѕидини, Катедралата Вознесение на Дева Марија, Кнежев двор, статуата Св. Влах (заштитникот на градот)…Во попладневните часови се упатуваме назад кон Будва. Враќање во хотел . Вечера . Дочек на НОВАТА 2020 ГОДИНА. Ноќевање.

Ден 4 – Среда (01.01.2020) – БУДВА – СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотел. Заминување кон Скопје и попатно застанување кај Свети Стефан за фотографирање. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 90 еур – 5.580,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

· Превоз на дадената релација со високотуристички автобус.

· Посета на манастирот св. Василиј Острошки.

· Сместување во двокреветни соби во хотел BIP 3* на база 2 ноќевања со појадок и вечера (цената е дадена за лице за сместување во двокреветна соба)

· Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

· Факултативна посета на Дубровник -15 евра

· Влезници за музеите и културно историските споменици

· Патничко осигурување

· Туристичка такса и осигурување 1,5 евра за лице на ден (се наплатува на рецепција)

Напомена:

• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

• Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.

• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање.

• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.