Аранжман:( 7 ноќевања/9 дена) и (8 нокевања/10 дена)
Превоз: автобус + брод + трансфер
Иос е најпопуларниот и нај јужниот остров од групата Киклади oпкружен со островите Наксос, Парос, Анафи и Санторини, кој се наоѓа на површина од околу 108км2, должина околу 17км и ширина 7,5км, популарен кај сите генерации заради преубавите плажи ,кристално сина боја на море,гостопримливоста на мештаните,нивната љубезност . Островот ИОС како и сите кикладски острови има медитеранска клима. Најтопли денови во годината се во месец јуни, јули и август со максимална температура до 30 целзиусови степени. Центарот на сите случувања е главниот град Хорa. Островот плени со својата убавина и историја, во комбинација со луди журки и забавиза сите генерации во одредени периоди од денот и годината, со тоа што целосно го оправдува името “Грчка Ибица ”. Ако може да се опише со три неодоливи збора тие би биле: плажа,уживање и дружење. Сето ова потсетува на целосна релаксација и уживање ,и годишен одмор кој ке сакате да го повторите
На островот има голем број на плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Постојат многу плажи на Иос, за кои ќе помислите дека сте го доживеале рајот на земјата. Тие се покриени со прашкаст бел песок, кој се прелева во кристално сино море. Меѓу најпопуларните покрај Mylopotas се и Manganari, Jialos , Koubaras и Agia Teodot .
ПРОГРАМА
01 ден-Скопје-Атина (пристанисте Рафина)
Состанок во 15.00 часот на паркинг пред хотел Холидеј Инн. Тргнување од Скопје во 15.30 часот. Патот води преку граничен премин Богородица/Евзони, време за гранични формалности и попатни паузи.
02 ден -Атина (Рафина) – Иос (брод)
Пристигнување во Рафина во раните утрински часови. Поаѓање(пловење) за Иос со брод BLUE STAR во 07.40 часот. Пристигнување на Иос во 15.00 часот. Трансфер до вила/хотел, сместување. Слободно попладне. Ноќевање.
Годишниот летен одмор започнува на Иос– Почеток на еден нов необичен летен годишен одмор. Летото е препознатливо по капење, сончање, прошетки по преубавите плажи. Време за слободни активности и можност за организирање ФАКУЛТАТИВНИ излети, посета на сите плажи и неоткриени убавини кои што ги пружа овој остров. Ноќевање.
8 или 9 ден -Иос – Атина (Рафина) Слободно време. Во 14 часот по локално време трансфер до пристаниште. Поаѓање(пловење) за Атина (Рафина) во 15.30 часот. Пристигнување во Атина (Рафина) во 23.00 часот. Патувањето продолжување кон Скопје.
9 или 10 ден –Скопје- Пристигнување во Скопје во утринските часови.
СТУДИЈА SUMMER TIME
ЛОЦИРАНИ ВО СРЦЕТО НА ХОРА располагаат со 6/2, 3/3, 2/4 студија, со сопствена бања, фен, фрижидер, tv, клима, балкон (освен две студија кои немаат сопствен балкон).
SUMMER TIME е еден од најпознатите студија/ апартмани во центарот на ХОРА, и се состои од 11 светли и комфорни соби со цел да се обезбеди пријатен престој. Терасите се со поглед кон ХОРА во центарот на градот каде се ни е достапно; јавен превоз, такси превоз, изнајмување на мотори и автомобили, локални продавници, таверни, кафетерии сместени во срцето на ХОРА на необичната калдрма со традиционален изглед и вкус со кој островот ИОС привлекува најголемо внимание за разлика од другите Кикладски острови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз со автобус (еко 4, клима, тв, тоалет) на релација Скопје-Атина (Рафина)-Скопје.
– превоз со брод ( Ferrie компанија BLUE STAR ) на релација Атина(Рафина)- Иос – Атина (Рафина) економска класа.
– освежителен пијалок на пристаниште- welcome to the island.
– трансфер пристаниште-смештај-пристаниште
– 7 или 8 нокевања во понудениот смештај.
1/2 ,1/3 и 1/4 соби.
– организација на аранжманот и пратител на групата.
– асистенција и претставник на островот на Македонски јазик.
Услови за деца:
-Дете од 2 год -9 год кое не користи редовно легло , плаќа само превоз и фери билет=95еур.
-Дете од 2 год- 9 год доколку користи редовно легло ,добива 20% попуст од цената по особа во табелата.
Цена за превоз:
-За користење само превоз и бродски билет за возрасни, Скопје-Иос-Скопје = цена 162€/10.050ден по лице.
-За користење само превоз и бродски билет за деца до 9 г ,Скопје-Иос-Скопје = цена 95€/5900 ден.
НАПОМЕНА:
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 35 патника.
Агенцијата го задржува правото на промена на термините и цените во случај да има официјална промена од страна на бродската компанија BLUE STAR, за која патниците ке бидат благовремено информирани.