Вила „ELLI“
Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 50 км. Од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистрото море. Местото пружа фантастичен поглед на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Со лесна прошетка може да се стигне до Дионисиос или Неа Плагиа, со кои Флогита практично е споена. Во последните 10 години Флогита се преобратува во вистинско монденско место омилено како од младите така и од повозрасните генерации. Вистинско место за активен одмор!
Вила ЕЛИ е лоцирана во првиот ред, и од плажата ја дели прекрасен парк. Располага со четворокреветни дуплекс апартмани, со можност за помошен кревет. Располага со комплетно опремена кујна, две одделни спални соби, wc, клима и тераси кои гледаат кон паркот и морето.
| ТЕРМИН ОД: | НОЌИ | ELLI 1/4+1 duplex |
| 20.05 | 7* | 89 |
| 27.05 | 7* | 119 |
| 03.06 | 7* | 129 |
| 10.06 | 7* | 139 |
| 17.06 | 7* | 159 |
| 24.06 | 7* | 179 |
| 01.07 | 7 | 390 |
| 08.07 | 7 | 430 |
| 15.07 | 7 | 460 |
| 22.07 | 7 | 460 |
| 29.07 | 7 | 460 |
| 05.08 | 7 | 460 |
| 12.08 | 7 | 430 |
| 19.08 | 7 | 390 |
| 26.08 | 7* | 149 |
| 02.09 | 7* | 129 |
| 09.09 | 7* | 99 |
| 16.09 | 7* | 79 |
| 23.09 | 7* | 69 |
НАПОМЕНА:
– Цените со * се однесуваат за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.
– За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 15 евра;
– Цените без * се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања.
-Во дуплекс апартман за термините со *, две лица плаќаат полн износ а третото, четвртото и петото лицe се сместуваат БЕСПЛАТНО, и плаќаат само за превоз.
– Сместувањето во собите е после 13 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
– За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
– Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд.
– Цената само за превоз: Скопје-Халкидики-Скопје изнесува:
35 € возрасни
25 € деца од 2 – 12 години
БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)