10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 01.03.2019
На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос.
Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос е со површина од околу 50 км2 има преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Кукунариес, Агиа Параскеви, Трулос, Мегали Амос,Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.
Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.
Вила “НИКОС“ лоцирана во Кукунариес на оддалеченост 5 минути од најпознатите плажи “Кукунариес““Банана биџ“ ,Агиа Елена,Крисиамос се плажи кои се вбројуваат во 5-те најубави Европски плажи.Пешачењето до плажите е во убава шумска атмосфера.Вилата располага со 1/2, 1/3 ,1/4 студија и 1/6 дуплекси сите климатизирани, тв, ви-фи, балкони и простран двор, сместени во борова шума.
Вила „НИКОС“ е лоцирана во Кукунариес. Влезот е обележан со видлива табла на која пишува „Вила Никос“, голема влезна врата и паркинг простор.
Во дворот, кој наоколу е опкружен со дрвја, има и летниковец со големи маси и дрвени клупи. Десната страна од вилата граничи со имот, кој има борова шума, додека пак од левата страна се наоѓа езеро со слатка вода, кое е природен феномен на островот. Вилата е оддалечена од плажата околу 5 минути. Во класичен медитерански стил, вилата располага со апартмани, во кои се влегува директно од дворот. Во вилата има постојано топла вода, која е решена преку централен соларен систем. Обезбедена е и со wi-fi сигнал.
Рецепцијата и останатиот персонал се достапни во секој момент за било каква информација и помош. Сите соби располагаат со ПП апарат, екстра кебиња и перница, но за било каква екстра потреба може да се обрати на рецепција. Во собите има клима уред, телевизор, радијатори за парно греење и купатило со ВЦ. Во сите апартмани се достапни по 2 крпи од лице (голема и мала).




