Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР

ЛАСИ- КЕФАЛОНИЈА

 

Lassi се наоѓа во непосредна близина на главниот град Argostoli. Ова опуштено место е идеална прилика за бег од динамичноста и галамата на секојдневниот живот. Популарните златни песоци на плажите “Makris Yialos” и “Platis Yialos”, се вистински рај за љубителите на пливањето и нуркањето. Близината пак на неколкуте поинтимни заливи, ги издвојува како совршени за оние кои едноставно сакаат само мек песок и сонце. Не така далеку од убавото крајбрежје, ќе најдете и добар избор на ресторани и барови, кои освен што ќе ве заштитат од сончевите зраци, ќе Ви понудат и добар провод. Изборот на ресторани се движи од традиционални грчки до класично италијански. Доколку почувствувате потреба да ги протегнете нозете, една кратка прошетка ќе ве одведе до локалното село, каде што ќе пронајдете мирис на цитрус и борови дрвја со кои изобилува зелениот пејзаж. Близната на градот Аргостоли е добитната комбинација, која секоја вечер ја претвара во незаборавен спомен од летниот одмор.

 

Вила Александра

Apartments Alexandra – e објект кој се наоѓа во долната зона на познатото туристичко место Ласи, блиску до најубавите плажи на островот Кефалонија. Поврзаноста со главната градска улица која минува низ местото, близината на градот (околу 2 км), ги доближува сите потребни содржини како што се услугите во грчките кафетерии, ресторани, продавници, маркети и останати објекти. Овие студија се лоцирани на прекрасен плац, со голема градина, кој дава можност за низа дополнителни активности за одмор, подалеку од сообраќајниот метеж. Изградени на високо приземје, со пространи тераси од објект ориентиран кон морето и кон запад, даваат можност за прекрасни мигови при вечерниот залез на сонцето. Сите студиа се двокреветни со мини кујна и тоалет, а користењето на клима уред е со доплата. Располагаат со сопствен паркинг.

ЦЕНОВНИК – Лето 2016

КЕФАЛОНИЈА – ВИЛА АЛЕКСАНДРА

(наем на студија, 7 ноќевања)

КЕФАЛОНИJА

наем

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТЕМВРИ

термин BUS

3

10

17

24

1

8

15

22

29

5

12

19

16

2

9

16

23

студио/апартмани

термин chck-in

4

11

18

25

2

9

16

23

30

6

13

20

27

3

10

17

24

( 7 ноќевања )

ноќевања

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

ALEXANDRA “B” (ac*)

STD 1/2 (2 лица)

190

209

230

253

278

306

336

360

385

385

385

350

305

254

203

163

130

Ласи

до 10.Мај

181

199

219

241

259

285

313

335

359

359

359

326

284

242

193

155

124

Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in).
– Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
– Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Во студио e дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител (по одобрение на домаќинот).
– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектот (каде што е достапен).
– За уплата на две смени (7+7 ноќевања) одобруваме од 10% на втората смена.
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
– Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
– Задолжително патничко осигурување 240 MKD (за лица од 65 год.).
– Доплата за превоз (за корисници на аранжмани): за возрасни 80 €, за деца 2-12 год. 55 € (автобус и брод).

Автобуски превоз за КЕФАЛОНИА, според термини од табелата.
Поаѓање:
16:00 h (паркинг спроти Holiday Inn)
16:30 h (бензиска пумпа, мотел Македонија, Велес)
16:45 h (патарина, Градско)
17:45 h (бензиска пумпа, Лукоил, Прилеп)
18:45 h (спортска сала, Битола)
Поаѓање од Грција: следниот ден попладне.