Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР

НЕА АНХИЛАОС

ОПИС НА ДЕСТИНАЦИЈА

Неа Анхиалос се наоѓа на само 15 км од градот Волос, односно на само  435км од Скопје. Прекасно туристичко место, со преубава пространа плажа и тиркизно сино море. Благодарение на неговата убава природа и чисто море, спојот на мирот и космополитскиот живот, но пред се чистата околина и гостопримството на локалното население, го претворија во најпознато туристичко гратче. Неа Анхиалос изобилува со многу барови, таверни долж целата плажа и се разбира бурен ноќен живот за сите генерации кои ќе ја посетат оваа дестинација навистина ќе доживеат  прекрасни мигови за време на годишниот одмор, проследено со секојдневени  организирани забави како аеробик во вода, зумба на плажа и во вода, Таи Чи, јога, пилатес, одбојка на плажа, фудбал на плажа, пикадо, игри за деца(мини диско, цртање на лице и тело), часови по традиционален танц, часови по традиционално кулинарство и многу други активности. Прекрасниот брег на Неа Анхиалос се протега и  до 20км во должина и има голем број на различни вулкански плажи со црвенкаст колоритен песок. Исто така има златен песок, како и мали камчиња и карпи. Покрај тоа не е никаква тајна дека областа Magnesia не само што е позната по неспоредливата убавина, туку и поради оригиналноста на вкусовите од овошјето, традиционалната храна и надалеку познатото грчко слатко од портокали, мандарини, диви оревчиња, смокви, лубеница. Вкусете ја свежата риба, јастогот кои го нудат тамошните таверни, исто така уживајте во тсипурото послужено со најразличните мезиња.

 

PROTESSILAOS 3***  www.protessilaos.com

 

ОПИС НА ХОТЕЛОТ: Влегувајќи во хотелот, ќе бидете воодушевени од едноставната , но сепак одлично стилизирана внатрешност. Протесилaос е фамилијарен хотел кој има прекрасна локација во Неа Анхиалос сместен на прва линија од плажа, со поглед кон Pagasitikos заливот, истиот располага со 1/2 и 1/2 +1 соби на база полупансион(доручек и вечера шведска маса), секоја соба располага со LCD ТВ, вклучена клима во цена, сопствено купатило со туш кабина, масажер, фен, дел од собите се со директен поглед на море, дел со страничен поглед на море и дел поглед кон градина. Во околина на хотелот има голем  број продавници, барови и ресторани, хотелот нуди пријатно сместување во пријателска атмосфера која ќе направи да се чувствувате како дома. Хотелот располага со кафетерија и бар, каде што можете да уживате во вашиот омилен пијалок, исто така можете да се опуштите на прекрасната тераса, каде што можете да уживате во приквечерината.

ТЕРМИН ПП ПО ЛИЦЕ

(ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА)

                               1/2                  
18.06 – 25.06.2016 7ПП 159 €
25.06 – 02.07.2016 7ПП 199 €
02.07 – 09.07.2016 7ПП 239 €
09.07 – 16.07.2016 7ПП 269 €
16.07 – 23.07.2016  7ПП 269 €
23.07 – 30.07.2016 7ПП 269 €
30.07 – 06.08.2016 7ПП 269 €
06.08 – 13.08.2016 7ПП 269 €
13.08 – 20.08.2016 7ПП 269 €
20.08 – 27.08.2016 7ПП 249 €
27.08 – 03.09.2016 7ПП 229 €
03.09 – 10.09.2016 7ПП 189 €
10.09 – 17.09.2016 7ПП 169 €

 

НАПОМЕНА:

  • Цените се дадени по лице и се однесуваат на 7 ПП (појадок + вечера)
  • Термините во табелите се денови на поаѓање и пристигнување.
  • Состанок на групата во 02:00 часот по полноќ на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, поаѓање во 02:30.
  • Сите попусти за деца и трето лице важат при сместување со две возрасни лица.
  • Во соба 1/2+1 дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет, освен преку дозволениот број на лица, може да се смести дете до 07 год.
  • Прво дете до 06.99 год. во 1/2 соба со двајца возрасни, бесплатно.
  • Дете над 07 год. плаќа -30% од редовната цена.
  • Трета особа (дете над 07 год. или возрасен) во соба на дополнително легло плаќа -30% од редовната цена.
  • Во цената е вклучено користење на клима уредот.
  • Појадокот и вечерата се на база на шведска маса.
  • Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во лобито, тераса и соба.
  • Доплата за соба со поглед на море 5 евра по соба по ден.
  • За уплатени два аранжмани 7+7 ПП одобруваме попуст од 10% на вториот аранжман.
  • Попустите за рано букирање и за 7+7 не се комбинираат.
  • Превоз Скопје- Волос- Неа Анхиалос- Скопје: возрасен- 45 евра, деца од 02-12 год.- 30 евра, деца до 02 год. (не користи седиште)- бесплатно.
  • Сместување во собите е по 14:00 часот локално време, а напуштање на истите е до 10:00 часот локално време.
  • Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс од 1 евро- 62 денари.

 

Усни и телефонски резервации се неважечки, за важечка резервација се смета само со уплата од 30% од целосниот износ на аранжманот, при резервација. Целосна уплата се врши најдоцна до 10 дена пред поаѓање.