Будимпешта е главен град на Република Унгарија и центарот на нејзиниот економски и културен развој и живот. Се наоѓа на двата брега на реката Дунав, околу 135 милји (217 км) југоисточно од Виена. Нејзиниот постар дел, Будим, се наоѓа на ридскиот западен брег на реката додека Пешта е на рамниот источен брег од другата страна на реката. Двата дела на градот се споени со осум моста. Будимпешта често се нарекува еден од најубавите градови во Европа. Делот – Будим е препознатлив по неговите ридови и долини, додека Пешта е препознатлив по неговите полукружни булевари и авении, кои се протегаат од центарот на градот.
Сентендре или уште познат како “Свети Андреј” е уметничка колонија и туристички центар кој е близу Будимпешта (на само 19 километри јужно), Сентендре ги плени туристите како “пресладок град”. Многубројните музеи и арт галерии, како и цркви кои се наоѓаат таму вреди да се посетат.
Виена е главен град на Австрија, нејзино политичко, економско и културно седиште. Град со исклучителна архитектура и со голема понуда на историски знаменитости и споменици. Виенската архитектура ја карактеризираат различни стилови, кои припаѓаат на различни историски епохи почнувајќи од романската Рупертова црква, преку готската катедрала Св. Стефан од XIII век до барокната Карлова црква. Историските најзначајни музејски експонати денеска се чуваат во Хофбург. Меѓу најзначајните експонати се ризницата на Хазбуршката династија, експонатите од првокласно значење меѓу кои е и круната на Светото римско царство и царската круна на Австриското царство. Виена го носи и епитетот на музички град во кој живееле композитори како што се Моцарт и Бетовен.
Програма на патување (2 ноќи НП / 4 дена / Автобус)
30 Декември (петок) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 19:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.
31 Декември (сабота) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина… Сместување во хотел. Слободно попладне … Вечерта, факултативно Дочек на Новата Година 2017 на брод или на некој од плоштадите на градот. Ноќевање.
01 Јануари (недела) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. Слободен ден за индивидулани активности, или можност за факултативна посета на Виена : Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градското Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Маријатерезианплац, Виенската Опера…..Слободно време. Враќање во Будимпешта во вечерните часови.Вечерта, можност за Факултативна-вечера во Чарда со танци и уметничка програма, како и мени од унгарската кујна. Ноќевање.
02 Јануари (понеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТЕНДРЕ – СКОПЈЕ
Појадок. Науштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите како Тропикариумот, Зоолошката градина или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот или факултативно посета на Сентендре – живописно гратче во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, можност за посета на голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Во попладневните часови заминување за Македонија. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба |
129 € / 7.998 мкд |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Забелешки:
Организатор на ова патување е AСА Тур
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 40 ПАТНИЦИ
Плаќање исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман