Букурешт е главниот град на Романија, познат по своите широки булевари со долги дрвореди, славните Belle Epoque згради и репутација за висок живот (во 1900 год. го заработил прекарот “Мал Париз”). Букурешт денес е oживеана и пазарна метропола. Романската легендата вели дека градот Букурешт е основан на бреговите на реката Дамбовита од овчар по име Букур, чие име буквално значи “радост”. Наводно, неговото свирење на флејта и играње го воодушевувало народот и трговците, како и лозјата со вино во околината кои ги умилкувал и во кои уживале, па со тоа и му го дале името на ова место.
Програма на патување (2 ноќи НП / 4 дена / Автобус)
30 декември (петок) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn”. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.
31 декември (сабота) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј … Сместување во хотел. Вечерта ДОЧЕК НА НОВАТА 2017 ГОДИНА на некој од плоштадите во Букурешт. Ноќевање.
01 Јануари (недела) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.
02 Јануари (понеделник) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Патувањето се одвива преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба |
99€ / 6.138 мкд |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Забелешки:
Организатор на ова патување е AСА Тур
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 40 ПАТНИЦИ
Плаќање исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман