Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 7 ноќевања
Локација: Неа Потидеа
Цена: од 90€ до 440€

Галерија

Неа Потидеа е првото населено туристичко место на првиот крак на само 68 м оддалечено од Солун, а од македонската граница 151 км. Малечко селце, познато по туризам и риболов. Има долга, широка, прекрасна песочна плажа. Посебно убаво за оние кои сакаат мир и тишина, семејства со деца. Самото место изобилува со различни таверни и кафеани во кои се подготвува и може да се вкуси традиционална грчка кујна.
Вилата се наоѓа во мирното летувалиште Потидеа на почетокот на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, на околу 65 км од Солун. Од плажа е оддалечена 20 метри. Сместувањето е во 1/3 студиа и 1/4 апартмани (две простории, спална со брачен кревет и дневна со два оделни кревети) во два блока А и Б (позади блок А). И студиата и апартманите се со: опремена кујна, купатило, клима уред (вклучен во цената) и TВ.

Вилата располага со сопствена уредена плажа со лежалки чие користење за гостите од вилата е без доплата.

ТЕРМИН НОЌEВАЊА 1/3 СТУДИО 1/4 АПП.
19.05.2019 7* 90 100
26.05.2019 7* 110 120
02.06.2019 7* 120 130
09.06.2019 7* 130 140
16.06.2019 7* 140 150
23.06.2019 7 280 320
30.06.2019 7 320 360
07.07.2019 7 320 380
14.07.2019 7 340 440
21.07.2019 7 360 440
28.07.2019 7 360 440
04.08.2019 7 360 440
11.08.2019 7 340 420
18.08.2019 7 320 380
25.08.2019 7* 170 190
01.09.2019 7* 120 140
08.09.2019 7* 100 120
15.09.2019 7* 80 100
22.09.2019 7* 70 90
  • Цените со * се однесуваат за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.
  • За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра;
  • Цените без * се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања.
  • Во апартман за термините со *, две лица плаќаат полн износ а третото и четвртото лицe се сместуваат бесплатно, и плаќаат само за превоз.
  • Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
  • За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
  • Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд.
  • Цената само за превоз: Скопје-Халкидики-Скопје изнесува:
  • 35 € возрасни
  • 25 € деца од 2 – 12 години
  • БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште).

 

Туристичката такса е 0.5 еур на ден по студио/апартман и се плаќа на лице место.