Галерија
Местото Ipsos, низ кое е распослана долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнено оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми туристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати… го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата туристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прават привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе.
Овој комплекс на апартмани е оддалечен 300 м. од плажа во околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица и се наоѓа во близина на вилата Андреас. На само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле…
Вила Кристофер располага со:
Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)