Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин:
Локација: Тоскана
Цена: 11.200

 

Магичната Тоскана претставува најдраматична регија на Италија. Нејзината историја, пејсажи просто одземаат здив… Нѐ очекува една неверојатна приказна за Фиорентина, Фамилија Медичи кои претставуваат сјај и богатство на една епоха… Да се препуштиме на Сонцето од Тоскана, додека капките од познатото вино Кјанти ја пренесуваат страста на Тоскана, нејзината љубов и моќ… Незаборавни моменти нѐ очекуваат на излетот кој води преку Кјанти до средновековниот град Сан Џимињано и Сиена, град со фантастичен средновековен фестивал „Палио“…. Кулминација на целото патување е посетата на националниот парк Чинкве Терре, кој опфаќа 5 шарени села на Италија сместени на карпи кои се претопуваат со Лигурскиот залив… Незаборавно.

 

1. ден

18.10

СКОПЈЕ

Поаѓање од Скопје во претпладневните часови. Патување низ Србија, Хрватска Словенија… Ноќно возење.

2. ден

19.10

БОЛОЊА – МОНТЕКАТИНИ

Пристигнување во Болоња напладне. Прошетка низ градот: базиликата на СВ.Петронио, палатата на кралот Енцо, фонтана Нептун, плоштадот Маџоре… слободно време. Продолжување на патувањето до областа Тоскана. Сместување во хотел во Монте Катини. Ноќевање.

3. ден

20.10

ПИЗА – ФИРЕНЦА

Појадок, слободно време или целодневен излет (факултаивно од 09-21 часот). Заминување за Пиза, разглед:крстилницата Св.Јован, кривата кула ,,Campo Santo,,. Заминување за Фиренца и разглед на градот: базилика Сан Лоренцо, капелата Медичи, плоштадот Дуомо, крстилницата, мостот Понте Векио, плоштадот Сињорија (музеј на отворено со бројни склуптури, ремек дела… старата палата, статуата на Микеланџело ,,Давид,,. Слободно време за посета на галерија „Уфици“, палата Пити…. Враќање во хотел во 21 часот. Ноќевање.

4. ден

21.10

САН ЏИМИЊАНО – СИЕНА

Појадок. Факултативен излет кон живопистните предели во областа Кјанти, светско познато производство на вино. Посета на малото гратче Сан Џимињано (сочуван амбиент од 13 и 14 век) градот на кули, каде туристите купуваат домашни производи од тосканските фарми… Продолжување на патувањето до Сиена… Прошетка низ градотнајубавата катедрала Дуомо, плоштадот Кампо, преубавата палата Публико… Слободно време до враќање во Монтекатини. Ноќевање.

5. ден

22.10

ЧИНКВЕ ТЕРРЕ

Појадок. Факултативен излет до Чинкве Терре. Патување со автобус до пристаниште ,,La Specija,,патувањето продолжува со воз кој ги поврзува сите пет населби во состав на националниот парк,,Чинкве Терре,,во Лигурската област ,,La Specija,,.Monterosa al mare( се наоѓа во средина  на малиот залив со куќи во облик на кула).VERNAKA изградена околу црквата Света Маргарите Антохијска. KORNILJA се наоѓа на брдо опкружено со винови лозја, најмала населба со 300 жители. MANAROLA е изградена еден дел на море , еден дел на брдо околу црквата Сан Лоренцо.RIOMADZORE , најголема населба 1700 жители во облик на амфитеатар. Во вечерните часови поаѓање за Скопје. Патување преку Тоскана, Венето…Словенија, Хрватска, Србија….

6. ден

23.10

СКОПЈЕ

Пристигнување во пладневните часови.

 

Термини 1/2 соба Бр. ноќевања
18/10/2017 – 23/10/2017 180.00€ 3

 

ЦЕНА: 11.200,00

 

Аранжманот вклучува:

*автобуски превоз на наведената релација

*3 НП (ноќевање со појадок) во хотел 3* во Монтекатини

*сместување во 1/2 и 1/3 соби

*разглед на Болоња со локален водич

*лиценциран пратител и организација на аранжманот

 

Аранжманот не вклучува:

*патничко осигурување

*влезници за локалитети

*доплата за 1/1 соба -60 евра

*туристичка такса за хотелите во Италија 3 евра по ноќ (се плаќа на рецепција)

* факултатива Сан Џимијано и Сјена – 35 евра

* Пиза и Фиренца – 35 евра

* Чинкве Терре со карта за брод – 40 евра