Букурешт…познат по своите широки булевари со долги дрвореди, славните Belle Epoque згради и репутација за висок живот (што во 1900 год. го заработил прекарот на “Мал Париз”), Букурешт, најголемиот град и главниот град на Романија, денес е oживеана и пазарна метропола. Романската легендата вели дека градот Букурешт е основан на бреговите на реката Дамбовита од овчар по име Букур, чие име буквално значи “радост”. Наводно, неговото свирење на флејта и играње го воодушевувало народот и трговците, како и лозјата со вино во околината кои ги умилкувал и во кои уживале, па со тоа и му го дале името на ова место.
Цена по лице во 1/2 соба
|
109 € / 6.758 мкд |
Програма на патување (2 ноќи НП / 5 дена / Автобус)
13 Април (четврток) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn”. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.
14 Април (петок) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј … Сместување во хотел. Вечерта можност за вечера во национален ресторан. Ноќевање.
15 Април (сабота) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.
16 Април (недела) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Патувањето се одвива преку Бугарија, со попатни паузи за одмор.
17 Април (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Забелешки:
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 45 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€