Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 28 Apr 2017 - 30 Apr 2017
Локација: Прага
Цена: : 12.338 ден.

Прага, престолнината на Република Чешка, еден од најубавите градови на Европа. Се простира на 7 брега, крунисани со прекрасни замоци и цркви, а на реката В’лтава чии брегови ги спојува се протега Карловиот мост, изграден во 1357 год. Прашкиот замок и замокот Вишеград, палатата Шерберг од 18 Век во која денес се наоѓа Националната галерија со вредни дека на старите мајстори, зградата на Карловиот универзитет, старото градско собрание со астрономскиот часовник, таинствените калдрмисани улици, убавината на Вацлавскиот плоштад, далеку познатото чешко пиво и уште попознатите чешки кнедли подготвени на различни начини се само некои од симболите на „градот со стотина кули“, но и причнина зошто сите што еднаш ја виделе прага повторно се враќаат назад.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба
(рана резервација
)
199 € /  12.338 мкд

Програма на патување  (2 ноќи НП / 3 дена / Авион)

28 Април (Петок ) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата  на аеродромот во Скопје во 02:15 часот. Полетување за Прага со лет ОК 847 во 04:10 часот. Пристигнување во Прага во 06:00 часот и трансфер до хотел. Разглед на градот: Старо Место: Карловиот  мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица. Вечерта, факултативно – вечера во национален ресторан – чешка пивница. Ноќевање.

29 Април  (Сабота) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок.  Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативна посета на Карлови Вари – најпозната бања во Европа во која престојувале многу европски владетели, врвни сликари, поети. Можност за прошетка по променадата со 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Враќање во Прага во попладневните часови. Ноќевање.

30 Април (Недела ПРАГА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно крстарење по В’лтава со кафе и колач. Трансфер до аеродромот во Прага во вечерните часови. Лет за Скопје со лет ОК 846 во 22:55 часот. Пристигнување во Скопје во 00:50 часот.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:   

  • Авионски превоз Скопје-Прага-Скопје, со директен лет
  • Трансфер аеродром -хотел- аеродром
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организиран разглед на Прага
  • Организација и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 119еур (7.378 мкд)
  • Факултативен излет до Карлови Вари – 45 еур (мин. 15 лица за реализација)
  • Крстарење по В’лтава 15 eur
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици
  • Патничко осигурување

 

Забелешки:

* МИНИМУМ 20 ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА *
* Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€ *
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, 15 дена пред започнување на аранжманот.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место, освен ако не е назначено поинаку.
  • Распоредот и содржината на посетите и разгледите може да претрпи промени условени од оправдани причини според состојбата на терен (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови, реновирање на објекти…)
  • Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Конкретен поглед агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен / град итн.
  • Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
  • За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00-15:00 час од денот на важоста на аранжманот до 10:00 – 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред времето за влез и последниот ден по времето за одјавување се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
  • Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
  • Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
  • Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.