Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 25 Apr 2019 - 30 Apr 2019
Цена: 14 200 денари
Ден 1 – 25.04.2019 СКОПЈЕ-МИЛАНО
Состанок на групата во 10 00 ч. Поаѓање во 10:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
Ден 2 – 26.04.2019 МИЛАНО (Franciacorta outlet)
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за шопинг. Продолжуваме кон Милано.  Сместување во хотел. Факултативно одиме на организиран разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот…. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
Ден 3 – 27.04.2019 МИЛАНО-НИЦА
Појадок.Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор.Во вечерните часови одиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Ноќевање.
Ден 4 –28.04.2019 НИЦА – КАН
Појадок.Препорачуваме целодневен излет до гламурозниот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Ноќевање.
Ден 4 – 29.04.2019 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО –МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ
Појадок.Одјавување од хотел.Предлагаме посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето….посета на коцкарницата во Монте Карло,кафе Парис….Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Ден 5 –30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје.

 

Аранжманот вклучува: Аранжманот не вклучува:
·        Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,

·        Сместување во Милано (околина) во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,

·        Сместување во Ница (или околина)во хотел 2*/3* на база 2 ноќевања со појадок,

·        Разглед на Ница

·        Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGEшопинг центар

http://www.franciacortaoutlet.it

·        Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

·        Патничко осигурување

·        Разглед на Милано со локален водич (10€)

·        Посета на фабрика за парфеми ‘Fragonard’ во Ез,  Монако ,Монте Карло(20€)

·        Посета на Кан и Сент Тропез (20€)

·        Туристичка такса во Милано

·        Туристичка такса во Ница

·        Влезници за културно историски споменици, музеи.

·        Билети за јавен превоз

·        Доплата за еднокреветна соба

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.