Пролетно патување во софистицираната, елегантна и романтична стара дама – Барселона. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела.
| ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба (рана резервација) |
359 € / 22.258 мкд |
| Редовна цена во 1/2 соба | 399 € / 24.738 мкд |
Програма на патување (3 ноќи НП / 4 дена / Авион)
28 Април (петок) – СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:45 часот. Полетување за Барселона во 17:45 часот. Директен лет за Барселона со Wizz Air. Пристигнување во Барселона во 20:40 часот. По завршување на пасошките и царинските формалности организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Вечерта (ако има можност) прошетка по популарната Ла Ламбра. Ноќевање.
29 Април (сабота) – БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на Барселона: булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село… Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo. Во попладневните часови (со јавен превоз) посета на стадионот Camp Nou, музејот на ФК Барселона- модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни. Ноќевање.
30 Април (недела) – БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас+Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативна посета на Фигерас со Герона – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar. Слободно време за кафе пауза. Враќање во Барселона во попладневните часови. Вечерта можност за организирана факултативна вечер со Фламенко. Ноќевање.
01 Мај (понеделник) – БАРСЕЛОНА (факултативна Monserat)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфална Порта, Главниот парк со неговите градини… Посета на Готскиот кварт и многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. …Организиран трансфер од Барселона до Аеродром. Во 21:15 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Забелешки: