Берлин, најголемиот и главниот град на Германија, нуди прекрасна комбинација на историја, ноќен живот, архитектура и култура. Берлин има скромни почетоци, но заедно со времето прераснува во европска велесила и по риунифицирањето во 1990 г. станува динамичен, креативен, вистински град метропола. Берлин истовремено е познат како еден од најзелените градови во Европа, над 60 % од неговата површина се паркови и реки.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба
(рана резервација) |
319 € / 19.778 мкд |
Попуст за дете 2-9.99г. (на екстра лежај)
Попуст за трет возрасен (на екстра лежај) |
-29 € / -1.800 мкд
-15 € / -930 мкд |
Програма на патување (3 ноќи НП / 4 дена / Авион)
29 Април (сабота) СКОПЈЕ – БЕРЛИН
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 11:00 часот. Директен лет за Берлин во 12:50 со Wizz Air. Пристигнување во Берлин во 15:15 часот. Организиран панорамски разглед на градот: Меморијалната црква, Европа-центарот, Новата национална галерија, Филхармонијата, плоштадот Постдам и Сони-центарот, плоштадот Александер плац, Бундестагот – Германскиот Парламент, ТВ кулата, Дворецот Шарлотенбург, Олимпискиот стадион, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, Музејот на Евреите со својот уникатен дизајн на лавиринт, Катедралата, Операта, симболот на градот – Брандербуршката порта, Рајхстагот, најдолгата трговска улица Курфурштендам каде секоја година се одржува познатиот фестивал на електронска музика LOVE PARADE, остатоците од Берлинскиот ѕид. Трансфер до хотелот и сместување. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки. Предлагаме посета на Постдамер плац и Сони центарот каде ќе уживате во танцот на модерното осветлување на објектот како и забавите што ги приредуваат кафулињата се до утринските часови. Ноќевање.
30 Април (недела) БЕРЛИН
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или предлагаме посета на музејскиот остров кој е под заштита на УНЕСКО и се состои од пет познати музеи изградени во времето на првиот пруски крал… Стариот Музеј, Новиот Музеј со уникатната Египетска збирка, Старата национална галерија, Боде, и највредниот од сите Пергамон со реконструкции од оригинални делови пренесени од местата каде се пронајдени како портата Иштар од Вавилон, портата на пазарот од Милет. Попладне, можност за факултативно историско крстарење со брод по Шпре од каде ќе можете Берлин да го видите од вода… Ноќевање
01 Мај (понеделник) БЕРЛИН – ПОТСДАМ & САНСУСИ
Појадок. Слободен ден или целодневен факултативен излет до градот Потсдам, главниот град на Бранденбург. Градот е познат по прекрасната природа, големиот број на езера кој го опколуваат, како и по прускиот дворец Сансуси – летната резиденција на кралот Фридрих Велики (дел од светското културно наследство под заштита на УНЕСКО). Сансуси е Германскиот Версај изграден во рококо стил во 17 Век, кој сигурно ке ве воодушеви, како со неговата внатрешност и раскошните одаи така со прекрасниот каскаден двор кој го опколува. Враќање во Берлин по завршување на турата. Во вечерните часови препорачуваме индивидуална прошетка до стариот дел на Берлин, каде низ тесните улички од калдрма ќе најдете многу продавнички за сувенири, традиционални пивници и ресторани… Ноќевање.
02 Мај (вторник) БЕРЛИН – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време до трансферот на аеродром. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 15:45 и Пристигнување во Скопје во 18:05.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :
- Авионски превоз Скопје – Берлин – Скопје со Wizz Air
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
- 3 ноќевања со појадок во хотел 4* ESTREL BERLIN HOTEL – https://www.estrel.com/en
- Оргaнизиран разглед на Берлин со стручен локален водич
- Лиценциран придржник водич на патувањето
- Организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси 60 еур. (720 мкд)
- Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.000 денари или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 3.650 денари
- Факултативна посета на Потсдам со локален водич и вклучена влезница и водич за палатата Сансуси 80 еур ( мин. 15 лица за реализицаја, резервации во агенција)
- Факултативно крстарење со брод по Шпре 20 еур ( мин. 15 лица резервации во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба 95 еур.
- Патничко осигурување
Забелешки:
* МИНИМУМ 24 ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА *
* Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€ *
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
- Целосна уплата, 15 дена пред започнување на аранжманот.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување, на лице место, освен ако не е назначено поинаку.
- Распоредот и содржината на посетите и разгледите може да претрпи промени условени од оправдани причини според состојбата на терен (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови, реновирање на објекти…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Конкретен поглед агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен / град итн.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00-15:00 час од денот на важоста на аранжманот до 10:00 – 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред времето за влез и последниот ден по времето за одјавување се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.