| Ден 1 – 25.04.2019 Македонија – Истанбул |
| Состанок на групата спроти Хоидеј Ин во 17:00 часот. Се патува преку граничен премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи. |
| Ден 2 –26.04.2019 Истанбул |
| Пристигнување во предпладневните часови. Сместување во хотел со 3*. Хотелот се наоѓа во областа Лалели. По сместувањето, со локален водич го започнуваме пешачкиот разглед со посета на: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки), Сината Џамија (изградена од познатиот Мехмед Ага и единствената џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (најпрво црква на Светата мудрост градена во времето на византискиот цар, по освојување на градот од Мехмед освојувачот ја претвара во џамија за денес да биде музеј и една од најпосетуваните атракции во Истанбул), Палатата Топ Капи – (музејот каде се наоѓа мечот на пророкот Мухамед и административен центар на Османлиската Империја во која турските султани живееле со векови и буквално представува град во град). Слободни активности. Mожност за шопинг во Капали Чаршија. Ноќевање. |
| Ден 3 –27.04.2019 Истанбул |
| После појадокот со локален водич панорамски разглед на градот, незаборавното крстарење по Босфорот, факултативен разглед на прекрасната палата Долма Бахче со зелените паркови и раскошот кој го нуди и кој ќе ви остане во сеќавање). Факултативна посета на Miniaturk (овде може да ја видиме Турција во мало најпознатите градби во минијатурно издание прекрасно место за добри фотографии. Слободни активности. Факултативна вечера во турски ресторан, 3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење – со ориентални танци. Ноќевање. |
| Ден 4 –28.04.2019 Истанбул – Македонија |
| Појадок и одјавување од хотелот. За крај, посета на трговскиот центар FORUM во кој се наоѓа еден од најголемите подземни аквариуми Turkuazzoo. Поаѓање за Македонија, ноќно возење преку Грција со попатни паузи. |
| Ден 5 –29.04.2019 Македонија |
| Пристигнување во Македонија во утринските часови. |
| Аранжманот вклучува: | Аранжманот не вклучува: |
| -превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– панорамски разглед на Истанбул со локален водич . – посета на Хиподромот ; |
– традиционална турска вечера – 35€
– крстарење со брод по Босфор – 20€; |
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
Т.А. Kinissi го задржува правото за промени на аранжманот
Доколку не се исполни минималниот број на патници, агенцијата има право да го откаже аранжманот 4 дена пред поаѓање
За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Т.А. Kinissi и СКТМ.