Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 29 Dec 2016 - 03 Jan 2017
Локација: Милано, Верона, Венеција
Цена: 12 338 ден.

Милано го нарекуваат „Северниот бисер“ на Италија. Милано е современ град со бурна историја и стари градби, центар на светската мода. На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови.

Програма на патување  (3 ноќи НП / 5 дена / Автобус)

29 Декември (четврток) СКОПЈЕ – ВЕРОНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

30 Декември (петок) ВЕРОНА – ЛАГО ДИ ГАРДА

Пристигнување во Верона околу пладне. Разглед на Верона – градот на Ромео и Јулија: разгледот започнува од плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Сместување во хотел. Ноќевање.

31 Декември (сабота) МИЛАНО

Појадок. Патувањето го продолжуваме кон Милано. Следи организиран разглед на Милано: тврдината Сфорцеско, “Piazza DUOMO“ – централниот плоштад на кој се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – DUOMO, потоа галеријата VITTORIO EMANUELLE која ги поврзува катедралата и миланската скала – една од најпрочуените оперски куќи во светот. Можност за посета на црквата Santa Maria delle Grazie…Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта ДОЧЕК НА НОВАТА 2017 ГОДИНА. Ноќевање.

01 Јануари (недела) МИЛАНО – ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА) – ЛАГО

Појадок. Слободен ден во Милано или факултативна посета на Лугано (Швајцарското Монте Карло). Панорамски разглед на Лугано: црквите San Rocco, San Antonio, црквата San Maria di Angelo, стариот град со своите плоштади Piazza Ciochara, Pazza della Reforma, казиното, палатата Civico – Villa Cianni, големиот градски парк еден од најубавите во Швајцарија “PARCO CIVICO“. Следи попатна посета на градот Комо кој е лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо, каде многу познати холивудски ѕвезди имаат свои вили како George Clooney (Villa Oleandra), Sting, Richard Branson… место каде се снимени сцени од филмовите како ‘’Star Wars’’, ‘’Casino Royal’’ – James Bond, Ocean’s Twelve…Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Милано. Ноќевање.

02 Јануари (понеделник) ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање кон Венеција. Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони“ во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето“ до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со брод до Пунта Сабиони. Патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

03 Јануари (вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

      ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба

            199  €  / 12.338 мкд

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3*** во околината на езерото Гарда и Верона , ноќевања со појадок во хотел 3*** во Милано
  • Разглед на Верона, Милано , Сирмионе и Венеција
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Туристичка такса од ноќевање (се плаќа во хотелите во Италија)
  • Факултативна посета: Лугано и Комо (25 €)
  • Превоз со Вапорето (15 €)
  • Патничко осигурување

 

Забелешки:
Организатор на ова патување е AСА Тур

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата, 15 дена пред реализација на аранжманот;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (зголемена цена на гориво), да ја промени и цената на аранжманот;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети;
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.


    ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е
    МИНИМУМ ОД 45 ПАТНИЦИ

    Плаќање исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€

     

    Oпштите услови за патување се составен дел од овој аранжман