Венеција е остварување на сонот за романтичарите. Позната и како “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.
Програма на патување (2 ноќи НП / 5 дена / Автобус)
30 Декември (петок) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
31 Декември (сабота) ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во околина на Венеција, во предпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневни часови посета на Венеција: Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде…слободно време за индивидуални прошетки во кои ќе можете да ја почуствувате Новогодишната атмосфера во Венеција, безброј запалени светла и нивниот одсјај во водата е она што ќе направи да се чувствувате магично. Враќање во Лидо Ди Јесоло и дочек на Новата Година на некој од плоштадите. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2017. Враќање во хотел. Ноќевање.
01 Јануари (недела) ФИРЕНЦА
Појадок. Слободен ден или предлагаме факултативна целодневна посета на Фиренца – еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) – Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани…Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.
02 Јануари (понеделник) ВЕРОНА – ПАЛМА НОВА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки во Венеција или можност за факултативна посета на Верона – градот на Ромео и Јулија: Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова – познат outlet шопинг центар, преку Словенија, Хрватска, Србија.
03 Јануари (вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје на 03 Јанаури во попладневните часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба |
159 € / 9.858 мкд |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНO:
Забелешки:
Организатор на ова патување е AСА Тур
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 45 ПАТНИЦИ
Плаќање исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман