Виена е главен град на Австрија, нејзино политичко, економско и културно седиште. Град со исклучителна архитектура и со голема понуда на историски знаменитости и споменици. Виенската архитектура ја карактеризираат различни стилови, кои припаѓаат на различни историски епохи почнувајќи од романската Рупертова црква, преку готската катедрала Св. Стефан од XIII век до барокната Карлова црква. Историските најзначајни музејски експонати денеска се чуваат во Хофбург. Меѓу најзначајните експонати се ризницата на Хазбуршката династија, експонатите од првокласно значење меѓу кои е и круната на Светото римско царство и царската круна на Австриското царство. Виена го носи и епитетот на музички град во кој живееле композитори како што се Моцарт и Бетовен.
Братислава е главен град на Словачка. Нејзиното население е околу 427.000 и е, исто така, најголемиот град во земјата. Братислава лежи на двата брега на реката Дунав во југозападниот дел на Словачка. Својата оригиналност меѓу останатите главни градови е во тоа што се граничи со две земји – Австрија (Виена 60 километри) и Унгарија. Братислава е политички, економски и културен центар на земјата. Во него е седиштето на парламентот, словачкиот претседател и извршната власт. Повеќе универзитети, музеи, галерии и други важни институции имаат седиште тука. Братислава е исто така дом на многу големи компании и финансиски институции.
Програма на патување (2 ноќи НП / 4 дена / Автобус)
29 Декември (четврток) СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Виена во 17:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.
30 Декември (петок) ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич, започнувајќи со приказната за Дунав, новиот дел на Виена, претставништвото на УНЕСКО, музеј куќата на Хунсеватер, плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.
31 Декември (сабота) ВИЕНА – ШЕНБРУН
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуална прошетка низ Виена или предлагаме факултативна посета на дворецот „Шенбрун“ со локален водич – грандиозната летна Хабзбуршка резиденција, која датира од 1700 г. Резиденција на далеку познатите Марија Терезија, Моцарт, Наполеон , кралот Франц Јосиф. Место за уживање во прекрасните паркови, Разглед на кралските одаи, ботаничките градини, фонтаната Нептун, видиковецот Глориете. Во попладневните часови можност за факултативна посета на Дунавската кула. Вечерта, превоз до централна Виена и ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2017 на некој од плоштадите на Виена. Ноќевање.
01 Јануари (недела) ВИЕНА – БРАТИСЛАВА- СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување на собите и заминување кон центарот на Виена каде ќе имате можност да го следите Новогодишниот концерт на видео бим . Незаборавно доживување со концерт на виенската филхармонија чија музика ќе ве натера да заиграте валцер и да се напиете традиционално грано вино. Во попладневните часови поаѓање за Братислава главниот град на Словачка. Несекојдневно патување меѓу двата најблиски главни града во Европа. Живописниот стар град, Михалска Порта, Стариот плоштад, прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од кој има прекрасен поглед на Дунав, Грашалкович палатата, Словачкиот национален театар, катедралата Св. Мартин, Старе место со старото собрание, концертната сала Редута… слободно време за кафе пауза и ручек во бројните кафе- ресторани. Во попладневните часови поаѓање за Скопје, патување преку Србија.
02 Јануари (понеделник) ВИЕНА -БРАТИСЛАВА- СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба |
159 € / 9.858 мкд |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНO:
Забелешки:
Организатор на ова патување е AСА Тур
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 45 ПАТНИЦИ
Плаќање исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман