Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 14 Apr 2017 - 17 Apr 2017
Локација: Париз
Цена: 26.970 ден. : 23.870 ден.

Распослан на брегот на реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворците Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба
(рана резервација
)
385 € /  23.870 мкд
Редовна цена во 1/2 соба 435 € /  26.970 мкд

Програма на патување  (3 ноќи НП / 4 дена / Авион)

14 Април (петок) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на скопскиот аеродром “Александар Велики” во 15:00 часот. Полетување за Париз   во 17:00ч со директен лет на Wizz Air, пристигнување во Париз во 19:55. Организиран трансфер до хотелот. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.

15 Април (сабота) ПАРИЗ
Појадок. Организиран три часовен панорамски разглед на градот: Операта Гарние, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам со островот Сите, Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Триумфалната капија, Елисејските полиња… Слободно време за одмор и ручек.  Попладнето прошетката продолжува со посета на Ајфеловата Кула со јавен превоз – метро (влезница се доплаќа), а вечерта факултативно крстарење по Сена, романтично пловење со брод со прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

16 Април (недела) ПАРИЗ (Версај)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг или – полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури и  од зеленило… Враќање во Париз. Слободно време за индивидуални активности…. Ноќевање.

17 Април (недела) ПАРИЗ (Лувр) – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел до времето одредено според хотелските правила. Слободен ден или факултативна посета на најголемиот и најпосетениот музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат дел од најпознатите уметнички дела на светот, како Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, Сплавот на медуза и голем број познати дела од Рембрант, Рубенс… (одење и враќање со метро). Во попладневните часови  можност за прошетка низ уметничкиот кварт Монтмартр, со посета на катедралата Сакр Кер од каде се пружа најубавиот поглед на Париз… прошетката продолжува низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. ,.. Попладне, организиран трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 20:25ч. Пристигнување во Скопје во 23:10ч.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје
  • Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран панорамски разглед на Париз со превоз
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 100 € / 6.200 мкд
  • Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.000 мкд или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 6.250 мкд
  • Задолжително патничко осигурување
  • Лувр (превоз со метро, водич и влезница 30€ – Потребна најава при резервација / пред поаѓање
  • Версај со превоз, водич и влезница = 65€ (за парковите се доплаќа) – резервација и уплата при резервација / пред поаѓање
  • Ајфелова кула (влезница до втор спрат окулу 10 €),
  • Крстарење по Сена (влезница 15 €), превоз со метро
  • Јавен превоз во Париз со метро и/или автобус (окулу 14еур карнет за 10 возења).

 

Забелешки:

* МИНИМУМ 25 ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА *
* Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€ *
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, 15 дена пред започнување на аранжманот.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место, освен ако не е назначено поинаку.
  • Распоредот и содржината на посетите и разгледите може да претрпи промени условени од оправдани причини според состојбата на терен (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови, реновирање на објекти…)
  • Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Конкретен поглед агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен / град итн.
  • Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
  • За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00-15:00 час од денот на важоста на аранжманот до 10:00 – 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред времето за влез и последниот ден по времето за одјавување се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
  • Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
  • Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
  • Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.