Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР

КУКУНАРИЕС

На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос.
Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите  Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос со површина од 50 км2 и преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Агиа Параскеви, Трулос, Кукунариес, Банана Бич, Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени.
Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите.

 

ВИЛА НИКОС

Вила „НИКОС“ е лоцирана во Кукунариес. Влезот е обележан со видлива табла на која пишува „Вила Никос“, голема влезна врата и паркинг простор.
Во дворот, кој наоколу е опкружен со дрвја, има и летниковец со големи маси и дрвени клупи. Десната страна од вилата граничи со имот, кој има борова шума, додека пак од левата страна се наоѓа езеро со слатка вода, кое е природен феномен на островот. Вилата е  оддалечена од плажата околу 5 минути. Во класичен медитерански стил, вилата располага со апартмани, во кои се влегува директно од дворот. Во вилата има постојано топла вода, која е решена преку централен соларен систем. Обезбедена е и со wifi сигнал.
Рецепцијата и останатиот персонал се достапни во секој момент за било каква информација и помош. Сите соби располагаат со ПП апарат, екстра кебиња и перница, но за било каква екстра потреба може да се обрати на рецепција. Во собите има клима уред, телевизор, радијатори за парно греење и купатило со ВЦ. Во сите апартмани се достапни по 2 крпи од лице (голема и мала).

Дата на поаѓање Ноќевања Цена по лице
01.06-10.06 9 119€
10.06-19.06 9 149€
19.06-28.06 9 179€
28.06-07.07 9 199€
07.07-16.07 9 259€
16.07-25.07 9 299€
25.07-03.08 9 319€
03.08-12.08 9 319€
12.08-21.08 9 319€
21.08-30.08 9 239€
30.08-08.09 9 199€
08.09-17.09 9 169€
17.09-26.09 9 139€
26.09-05.10 9 119€
05.10-14.10 9 109€

 

ВИЛА МЕРИ АНГЕЛА

Вила МЕРИ АНГЕЛА e лоцирана во Кукунариес на оддалеченост 8 минути од најпознатите плажи Кукунариес, Банана бич и Бананарама кои се вбројуваат во 5-те најубави Европски плажи.
Вилата располага со 1/2 и 1/4 студија, сите климатизирани, тв, ви-фи, балкон, двор, сместена во борова шума.

 

период ноќевања цена за 1 лице
01.06-10.06 9 119
10.06-19.06 9 149
19.06-28.06 9 179
28.06-07.07 9 199
07.07-16.07 9 249
16.07-25.07 9 289
25.07-03.08 9 299
03.08-12.08 9 299

*Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (9) ноќевања со вклучен:
– автобуски превоз, брод(траект), трансфер пристаниште-вила-пристаниште, за минимум 2 лица во студио или апартман
*Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден

*Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот
*Поаѓање од Скопје АутоМакедонија(стар цветен пазар) во 23:00 часот
*Поаѓање од Велес Мотел Македонија во 23:30 часот
*Поаѓање од Неготино бенз.Мак Петрол 23:59 часот

Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.

Трето и четврто лице добиваат 20% попуст на редовно легло
Четврто лице на дополнителен кревет 30% попуст
Петто лице гратис плаќа само превоз
Шесто лице гратис плаќа само превоз

Прво и второ дете од 02-12 год. добива 50% попуст на трето и четврто легло
Дете до 2 год. Бесплатно (без седиште)
Сите попусти за деца, трето и четврто лице важат при сместување со две возрасни лица
Само автобуски превоз 110 еур за возрасни, 65 еур за деца до 12 год.- повратна карта
Само автобуски превоз  80 еур за возрасни, 45 еур за деца до 12 год. – еден правец
За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за возрасни, 25 еур за деца
Напомена: Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување

Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на  бродската компанија,  агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.

Напомена: 
Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на  бродската компанија, агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.