СУТОМОРЕ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ
Туристичка населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе барови, дискотеки, забавни паркови за деца и други објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор. Сместувањето е во центарот на градот на само 150м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ
Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби опремени со клима(вклучена во цената), Тв, купатило, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. (колона 3 од табелата)
ВИЛА СКАУТ
Вилата Скаут располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби (2+2). Секоја соба има клима , купатило и фрижидер. (колона 2 од табелата). Доплата за клима 5 евра дневно по соба.
ВИЛА СКАУТ 1
Собите во вилата се стандардно опремени со купатило, клима, фрижидер и тераса. Во својот сместувачки капацитет има двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. (колона 2 од табелата). Доплата за клима 5 евра дневно по соба.
ВИЛА БОГОЕВИЌ
Сместувањето е во двокреветни, трокреветни и четворокретни соби. Собите на првиот кат и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има едно купатило. На третиот кат собите имаат сопствено купатило и фрижидер. (колона 1 и 2 од табелата) . Доплата за клима 5 евра дневно по соба.
Смена | Период | Заедничко веце TWC | Сопствено веце TWC | Сопствено TWC+ ACC+ TV |
1 | 2 | 3 | ||
1 | 14.06-23.06 | 195 | 235 | 270 |
2 | 23.06-02.07 | 195 | 235 | 270 |
3 | 02.07-11.07 | 195 | 235 | 270 |
4 | 11.07-20.07 | 205 | 245 | 280 |
5 | 20.07-29.07 | 205 | 245 | 280 |
6 | 29.07-07.08 | 205 | 245 | 280 |
7 | 07.08-16.08 | 205 | 245 | 280 |
8 | 16.08-25.08 | 195 | 235 | 260 |
9 | 25.08-03.09 | 175 | 215 | 240 |
10 | 03.09-12.09 | 155 | 195 | 220 |
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
– Цените се изразени во евра и се однесуваат на пакет аранжман по лице (9 полни пансиони со вклучен превоз)
– Прво дете до 13,99 год. плаќа 50% од цената на аранжманот
– Второ дете до 13,99 год.- ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра)
– Дете до 5 год. кое не користи кревет- ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра)
– Намалување за патување со сопствен превоз- 20 евра
– Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место
– Доплата за користење на клима уред 5 евра дневно по соба (каде што е достапна)
– Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност 1 евро= 62 ден.