Вила „MАRY“ – Скала Сотира
Вилата се наоѓа во Скала Сотира на 170 метри од плажа. Во состав на вилата има и базен чие користење е бесплатно за гостите од вилата. Сите соби располагаат со комплетно опремена кујна, купатило, ТВ и клима уред. Доплата за користење на клима уред во студиата е 4€, во апартманите 5€ на ден. Двокреветните студиа се со брачен кревет, комплетно опремена кујна и бања, 1/3 студија имаат еден брачен кревет, едно стандардно легло, комплетно опремена кујна и бања, 1/4 апартманите се на две нивоа, на долниот спрат има комплетно опремена кујна со трпезарија и клима уред, една одвоена спална соба со брачен кревет и бања, а на горниот спрат има два одвоедни стандардни кревети и клима уред. Сите соби располагаат со големи тераси, дел од нив се свртени кон море а дел кон градина. Вилата има идеална локација мирен одмор. Природата во околината и базенот Ви нудат дополнително уживање.

Вила „ALBATROS“ – Лименас
Вилата Албатрос е една од најубавите вили во главниот град на Тасос – Лименас. Се наоѓа во мирниот дел на градот на 800 метри од центарот и на две минути до модерно уредената плажа пред вилата. Располага со луксузни трокреветни студиа со три стандардни кревети и комплетно опремени кујни. Студиата кои се наоѓаат на приземје имаат сопствено дворче со тревна површина, а тие што се на првиот кат имаат комфорни тераси со делумен или директен поглед на море. Сите студиа се реновирани за 2014 год. и имаат сопствено купатило, ТВ-LCD, клима уреди. Вилата има можност и за бесплатно користење на интернет. На 200 метри од вилата се наоѓа плажата Тарсанас која е исто така уредена и има повеќе содржини.

Вила „CATRIN“ – Golden Beach (Скала Потамиа)
На само 100м до најубавата плажа на островот Тасос, ве дочекува луксузната вила Катрин, сместена во прекрасно уреден двор со цвеќе и украсни дрвца, зеленило и мирис на цитрус. Студиата се модерно уредени со еден брачен лежај и софа на расклопување, комплетно опремена кујна, ТВ, клима уред, купатило, пространа тераса (10m2) со гарнитура за седење, тенда.
| Период Услуга: ноќевање | Бр. на ноќевања | 1/2 студио | 1/4 студио |
| 27.05-03.06.16 | 7* | 110 | 120 |
| 03.06-10.06.16 | 7* | 140 | 160 |
| 10.06-17.06.16 | 7* | 160 | 175 |
| 17.06-24.06.16 | 7* | 170 | 185 |
| 24.06-03.07.16 | 9 | 425 | 445 |
| 03.07-12.07.16 | 9 | 510 | 535 |
| 12.07-21.07.16 | 9 | 530 | 565 |
| 21.07-30.07.16 | 9 | 530 | 565 |
| 30.07-08.08.16 | 9 | 530 | 565 |
| 08.08-17.08.16 | 9 | 530 | 565 |
| 17.08-26.08.16 | 9 | 415 | 445 |
| 26.08-02.09.16 | 7* | 170 | 185 |
| 02.09-09.09.16 | 7* | 140 | 170 |
| 09.09-16.09.16 | 7* | 130 | 165 |
| 16.09-23.09.16 | 7* | 120 | 145 |
| 23.09-30.09.16 | 7* | 110 | 135 |
Напомена:
*При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со * се намалува за 20€.
Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува: