Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Термин: 26 Apr 2019 - 30 Apr 2019
Цена: 7 378 денари
Ден 1 – 26.04.2019 СКОПЈЕ-ВЕНЕЦИЈА
Поаѓање за Венеција во 14.30 часот на паркингот на Holiday Inn. Патување преку Србија со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.
Ден 2 – 27.04.2019 ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Венеција и разглед на градот: Плоштадот и црквата св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, мостот Риалто, каналот Гранде… Продолжување кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
Ден 3 – 28.04.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – МИЛАНО
Појадок. Можност за факултативен излет до Милано… Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Galleria Vittorio Emanuele што ги поврзува Катедралата Дуомо и една од најпознатите оперски куќи во светот, Миланската Скала, градската куќа на Милано… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Лидо во вечерните часови. Ноќевање.
Ден 4 – 29.04.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотел и факултативно заминување кон  Верона.Прошетка низ градот: арената,минхенска фонтана,куќата на Јулија….продолжување за Сирмионе (место на јужниот брег од познатото езеро,,Гарда,,) омиленото место за богаташи,познато по сулфурните извори,термални лековити бањи ( Вирџилио и Катуљо),прошетка до куќата на познатата Мариа Калас,замокот Скалигер од XIII век, црквата Сан Пиетро,Санта Мариа Маџоре…можност за прошетка со бродче по езерото.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија…
Ден 5 – 30.04.2019 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Аранжманот вклучува: Аранжманот не вклучува:
*автобуски превоз на наведената релација

*2 НП (ноќевање со појадок) во хотел 3* во Лидо ди Јесоло

*лиценциран пратител и организација на аранжманот

* разглед на Венеција со локален водич

 

*карта за брод Венеција 20 евра

*факултативна посета наМилано 35 еур (факултативата се организира со минимум 25 патници)

*задолжителна факултативна посета на Верона и Сирмионе 10 евра

*патничко осигурување

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За реализација на факултативниот излет за Милано потребни се минимум 25 патници

Т.А. Kinissi го задржува правото за промени на аранжманот

Доколку не се исполни минималниот број на патници, агенцијата има право да го откаже аранжманот 4 дена пред поаѓање

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Т.А. Kinissi и СКТМ