Виена – главен град на Австрија, нејзино политичко, економскo и културно седиште. Град со исклучителна архитектура и со голема понуда на историски знаменитости и споменици. Виенската архитектура ја карактеризираат различни стилови, кои припаѓаат на различни историски епохи почнувајќи од романската Рупертова црква, преку готксата катедрала Св. Стефан од XIII век и барокната Карлова црква. Историските најзначајни музејски експонати денеска се чуваат во Hofburg. Меѓу најзначајните експонати е ризницата на Хазбуршката династија, експонати од првокласно значење меѓу кои е и круната на Светото римско царство и царската круна на Австриското царство. Виена го носи и епитетот на музички град во кој живееле композитори како што се Моцарт и Бетовен.
Братислава е главен град на Словачка. Нејзиното население е околу 427.000 и е, исто така, најголемиот град во земјата. Братислава лежи на двата брега на реката Дунав во југозападниот дел на Словачка. Својата оригиналност меѓу останатите главни градови е тоа што се граничи со две земји – Австрија (Виена 60 километри) и Унгарија. Братислава е политички, економски и културен центар на земјата. Во него е седиштето на парламентот, словачкиот претседател и извршната власт. Повеќе универзитети, музеи, галерии и други важни институции имаат седиште тука. Братислава е исто така дом на многу големи компании и финансиски институции.
| Цена по лице во 1/2 соба (рана резервација) |
139€ / 8.618мкд |
Програма на патување (2 ноќи НП / 5 дена / Автобус)
13 Април (четврток) СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Виена во 17:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.
14 Април (петок) ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич, започнувајки со приказната за Дунав, новиот дел на Виена, претставништвото на УНЕСКО, музеј куќата на Хунсеватер, плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта можност за факултативна вечера во национален ресторан. Ноќевање.
15 Април (сабота) ВИЕНА – ШЕНБРУН
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуална прошетка низ Виена или предлагаме факултативна посета на дворецот „Шенбрун“ со локален водич – грандиозната летна Хабзбуршка резиденција, која датира од 1700 г. Резиденција на далеку познатите Марија Терезија, Моцарт, Наполеон , кралот Франц Јосиф. Место за уживање во прекрасните паркови, Разглед на кралските одаи, ботаничките градини, фонтаната Нептун, видиковецот Глориете. Во попладневните часови можност за факултативна посета на Дунавската кула. Враќање во хотел и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
16 Април (недела) ВИЕНА – БРАТИСЛАВА- СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување на собите и заминување кон центарот на Виена. Слободно време за индивидуална прошетка. Во попладневните часови поаѓање за Братислава главниот град на Словачка. Несекојдневно патување меѓу двата најблиски главни града во Европа. Живописниот стар град, Михалска Порта, Стариот плоштад, прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од кој има прекрасен поглед на Дунав, Грашалкович палатата, Словачкиот национален театар, катедралата Св. Мартин, старе место со старото собрание, концертната сала Редута… слободно време за кафе пауза и ручек во бројните кафе- ресторани. Во попладневните часови поаѓање за Скопје, патување преку Србија.
17 Април (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНO:
Забелешки:
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 45 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€