Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР

Галерија

Местото Ipsos, низ кое е распослана долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнено оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми туристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати… го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата туристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прават привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе. 

 

Овој комплекс на апартмани е оддалечен 300 м. од плажа во околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица и се наоѓа во близина на вилата Андреас. На само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле…

Вила Кристофер располага со:

  • 9 студија за 2 лица
  • 2 студија за 3 лица
  • 1 апартман за 4 лица

Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)