Галерија

Торони е селце кое се наоѓа југозападно на вториот крак Ситонија. Оддалечено е 142 км. од Солун и 222 км. од македонската граница. Главно луѓето се занимаваат со туризам, риболов, земјоделие. Во самото селце живеат околу 250 луѓе, а во областа Торонеос околу 4.000. Последните години ова мало туристичко место се развива и прераснува во вистинска летна, туристичка дестинација. Има прекрасна вегетација, кристално чисто море и песочна плажа.
Вила ,,FLOWER’ се наоѓа во Торони – Ситонија – Халкидики и е лоцирана на само 20 метри од плажа. Има прекрасна градина со скара и сопствен бесплатен паркинг. Овој комплекс располага со 17 студија и апартмани. Студијата 1/2 располагаат со модерен нов ентериер со брачен кревет, сопствено купатило, фрижидер, електрична рингла (не поседува комплетно уредена кујна), а студија 1/4 се пространи и располагаат со брачен кревет + два класични кревети со комплетно опремена кујна, сопствено купатило. Студијата 1/2 и 1/4 имаат сателитска ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената, како и бесплатен Wi-Fi.
| ПЕРИОД |
НОЌЕВАЊА |
1/2 СТУДИО |
2+2 СТУДИО |
| 21.05 – 28.05.2017 |
7 |
69 |
99 |
| 28.05-04.06.2017 |
7 |
149 |
209 |
| 11.06 – 18.06.2017 |
7 |
199 |
269 |
| 18.06 – 27.06.2017 |
9 |
330 |
399 |
| 27.06 – 06.07.2017 |
9 |
379 |
439 |
| 06.07 – 16.07.2017 |
10 |
429 |
559 |
| 16.07 – 26.07.2017 |
10 |
429 |
559 |
| 26.07 – 05.08.2017 |
10 |
429 |
559 |
| 05.08 – 15.08.2017 |
10 |
429 |
559 |
| 15.08 – 25.08.2017 |
10 |
429 |
559 |
| 25.08 – 03.09.2017 |
9 |
359 |
459 |
| 03.09 – 10.09.2017 |
7 |
189 |
249 |
| 10.09 – 17.09.2017 |
7 |
189 |
249 |
| 17.09 -24.09.2017 |
7 |
169 |
219 |
| 24.09 – 01.10.2017 |
7 |
79 |
100 |
НАПОМЕНА:
- Цените во табелите се однесуваат за наем на 7, 9 или 10 ноќевања.
- Термините во табелите се денови на поаѓање и пристигнување .
- Состанок на групата во 03:30 часот на паркингот спроти Х.Холидеј Ин, поаѓање во 04:00 часот.
- Во студио 1/2 (брачен кревет) дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет освен преку дозволениот бр. на лица може да се смести + 1 дете до 5,99 год и не користи легло.
- Во 1/4 студио (има брачен кревет + две стандардни легла) дозволено е сместување на 4 возрасни лица согласно предвидениот капацитет освен преку дозволениот бр. на лица може да се смести + 1 дете до 5,99 год и не користи легло.
- За време на 7/8 дневниот аранжман постелина се менува еднаш во текот на престојот, а за хигиената во капацитетите се грижат корисниците на истите.
- За време на 9 /10 и 10/11 дневниот аранжман постелина се менува двапати во текот на престојот, а за хигиената во капацитетите се грижат корисниците на истите.
- По завршувањето на Вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на студиото/апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
- Во цената на аранжманот вклучено е користење на клима уред. Сопственикот на Вилата има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот уклучен додека сте на плажа или надвор од студиото/апартманот.
- Бесплатно користење на интернет WI-FI.
- За уплатени два аранжмани од втората табела (во сезона) одобруваме попуст од 10% на вториот аранжман.
- Попустите за рано букирање и за уплата за две напоредни смени неможе да се комбинираат.
- Промо цените не подлежат на никаков попуст и се редовни цени за продажба.
- Цена за превоз Скопје-Торони-Скопје изнесува: За возрасни 35 еур и деца од 2-12 год 25 еур.
- Деца до 2 год (не користат седиште) бесплатно.
- Сместување во капацитетите е после 14 часот по локално време, а напуштање на истите е во 09 часот по локално време.
- Цените се изразени во ЕУР и се плаќање во денарска против вредност 1еур=62 денари.
- Задолжително е да поседувате здравствено и патничко осигурување.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата од 30% од целосната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот за оваа дестинација се врши 10 дена пред поаѓање. Термините дадени во табелите се денови на поаѓање и пристигнување од/во Скопје. Поаѓањето е од паркингот спроти Хотел HOLYDAY INN во 04 часот наутро (состанок на групата 30мин порано). Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информирате за потврда на својата резервација, како и за времето и местото на поаѓање. Секој патник си е задолжен и е негова обврска за важноста на патните исправи и кои неможат да доведат до откажување или менување на термин на резервацијата