Галерија
Неа Флогита е прекрасно место кое лежи на западниот брег на Халкидики, на само 50 км. Од Солун. Богата е со зеленило и има долга и пространа песочна плажа, која е одделена од градот со прекрасен парк, барови на плажа, таверни и секако тиркизно бистро море. Местото пружа фантастичен поглед на заливот Термиакос и при ведро време, на планината Олимп. Со лесна прошетка може да се стигне до Дионисиос или Неа Плагиа, со кои Флогита практично е споена. Во последните 10 години Флогита се претвара во вистинско монденско место омилено како кај младите така и кај повозрасните генерации. Вистинско место за активен одмор!
Вила ЈОЗЕФ е лоцирана во првиот ред, и од плажата ја дели прекрасен парк. Располага со шесткреветни пространи дуплекс апартмани, (≈ 70 м2) во кои Вие ќе бидете први гости. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор кат, имаат дневна соба со комплетно опремена кујна, клима, WC, две одделни спални соби, и пространи тераси кои пружаат незаборавен поглед кон заливот Термиакос.
| Термини | 1/6 дуплекс | Бр. ноќевања |
|---|---|---|
| 20/05/2017 – 27/05/2017 | 99.00€ | 7* |
| 27/05/2017 – 03/06/2017 | 119.00€ | 7* |
| 03/06/2017 – 10/06/2017 | 129.00€ | 7* |
| 10/06/2017 – 17/06/2017 | 149.00€ | 7* |
| 17/06/2017 – 24/06/2017 | 169.00€ | 7* |
| 24/06/2017 – 01/07/2017 | 199.00€ | 7* |
| 01/07/2017 – 08/07/2017 | 430.00€ | 7 |
| 08/07/2017 – 15/07/2017 | 460.00€ | 7 |
| 15/07/2017 – 22/07/2017 | 490.00€ | 7 |
| 22/07/2017 – 29/07/2017 | 520.00€ | 7 |
| 29/07/2017 – 05/08/2017 | 520.00€ | 7 |
| 05/08/2017 – 12/08/2017 | 520.00€ | 7 |
| 12/08/2017 – 19/08/2017 | 470.00€ | 7 |
| 19/08/2017 – 26/08/2017 | 430.00€ | 7 |
| 26/08/2017 – 02/09/2017 | 169.00€ | 7* |
| 02/09/2017 – 09/09/2017 | 149.00€ | 7* |
| 09/09/2017 – 16/09/2017 | 119.00€ | 7* |
| 16/09/2017 – 23/09/2017 | 99.00€ | 7* |
| 23/09/2017 – 30/09/2017 | 69.00€ | 7* |
НАПОМЕНА:
– Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица во студио/апартман. (Трето, четврто и пето лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз.
– Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања без вклучен превоз.
– Во цената на аранжманот е вклучено користењето на клима уредот.
– За хигиената во апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници.
– Во секе студио/апартмазн има комплетно опремена кујна за онолку лица за колку што е наменето студиото/апартманот.
– Постелнината во студијата/апартманите се менува еднаш за време на престојот.
– Сместувањето во студијата/апартманите е најдоцна до 14 часот по локално време, а напуштањето на истите е во 10 часот по локално време.
– Плаќањето се врши исклучиво во денари 1Еур=62 ден.
– При користење на сопствен превоз, цената на пакет аранжманите се намалува за 15 €.
Цена на превоз на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува: