Галерија
Неос Мармарас е најпознато и најгламурозно летувалиште на полуостровот Ситонија. Покрај тоа што е најголем град на полуостровот, Неос Мармарас е и центар на сите случувања. Тука забавата е организирана цел ден и цела ноќ. Неколкуте клубови и кафе барови за ноќен провод, таверните за мирни и пријатни вечери и баровите на плажа ќе направат да имате лето за паметење. Она по што градот е надалеку познат, се неговите чисти и уредени плажи. Во самиот Неос Мармарас постојат две плажи. Градската плажа која е пространа, широка и песочна, на чиј крај се наоѓа хотелскиот комплекс Порто Карас, и со право го носи синото знаме, гарант за квалитет и чистота. На другиот крај се наоѓа, како што и самото име кажува, Рајска плажа (Paradiso Beach) која во последните години станува се по-популарна. Вила “Parthenon” се наоѓа во Неос Мармарас, во непосредна близина на пристаништето, нa oколу 100m oд нај блиската плажа и на околу 500m од познатата плажа Paradiso. Вилата има 2 влеза. Во задниот дел се наоѓа прекрасно уреден двор со лежалки, лулашки за деца и скара за гостите. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла, како и 1/3+1 студија со 3 редовни и 1 дополнително легло на извлекување. Студијата се наоѓаат на I и II кат, сите опремени со: кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, клима (БЕСПЛАТНА во Јули и Август), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња.
| ТЕРМИН ОД: | НОЌИ | 1/2 студио | 1/3 студио | 1/3+1 студио |
| 20.05 | 7* | 45 | 45 | 45 |
| 27.05 | 7* | 75 | 85 | 95 |
| 03.06 | 7* | 90 | 105 | 120 |
| 10.06 | 7* | 105 | 120 | 140 |
| 17.06 | 7* | 125 | 145 | 165 |
| 24.06 | 9 | 340 | 365 | 390 |
| 03.07 | 9 | 365 | 390 | 420 |
| 12.07 | 9 | 390 | 420 | 450 |
| 21.07 | 9 | 390 | 420 | 450 |
| 30.07 | 9 | 390 | 420 | 450 |
| 08.08 | 9 | 390 | 420 | 450 |
| 17.08 | 9 | 365 | 390 | 420 |
| 26.08 | 7* | 140 | 155 | 170 |
| 02.09 | 7* | 115 | 130 | 145 |
| 09.09 | 7* | 90 | 100 | 110 |
| 16.09 | 7* | 70 | 75 | 80 |
| 23.09 | 7* | 55 | 60 | 65 |
НАПОМЕНА:
– Цените СО* се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз. 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените БЕЗ * се дадени за 9ноќи/10дена, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Во студио плаќаат минимум 2 лица, 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз во термините на 7 ноќи;
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 30m од вилата.
– Клима – БЕСПЛАТНА во Јули и Август;
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
Цената само за превоз: Скопје-Неос Мармарас-Скопје изнесува:
– 35 € возрасни
– 25 € деца од 2 – 12 години
– БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)