Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР
Цена: :

Галерија

Агиос Никитас-Лефкада

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никого нема да го остават рамнодушен.

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е не ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекраасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна. Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia..

 

Вила Спирос

Студија Спирос Ц кат – Агиос Никитас се сместени во северозападната страна на островот Лефкада на 300 метри од магичната песочна плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија опремени во традиционален стил: телевизор, клима ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНА , кујна, купатило и тераса. Сите студија излегуваат на поврзана тераса со делумен поглед на море. ЕКО студијата се наоѓаат на приземје и се со помала квадратура од стандардните студија, опремени стандардно со тоалет, клима, ТВ и кујна.. НАПОМЕНА: Студијата заради ограниченоста на просторот, се со типичен традиционален изглед, скромен квалитет и мала комфорност.

screenshot_1

Цените се дадени за наем на студио на 7/8 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Доплата за автобуски превоз 45 Еур возрасни, деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена, деца до 1,99 години бесплатно
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Термните кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст. Студијата со назнака ЕКО имаат 7% попуст.
Важат Општите услови за патување на СКТМ.