Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР

Пампорово е популарен скијачки центар во јужна Бугарија и еден од попознатите во Југоисточна Европа. Пампорово се наоѓа во внатрешноста на Родопите, на 1650м надморска височина во подножјето на врвот Снежанка 1928м. Се наоѓа на околу 220км од Софија, 85км од Пловдив. Климата во реонот на Пампорово се одликува со мека зима, се наоѓа на прво место по бројот на сончеви денови од сите планински центри во Бугарија. Средната годишна температура е 5,5 степени. Ски-центарот има скијачки патеки во должина од 55км и крос-кантри скијачки патеки во должина од 38км. Има 18 ски-лифтови со капацитет од 13000 лица на час.

Целосна понуда за Пампорово