Следете нè
info@kinissi.biz 02/3124-441 КИНИССИ ТУР ОПЕРАТОР

Галерија

Чањ е атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1 км, наречена Златна обала, по бојата на песокот. Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената Краљичина плажа до која се доаѓа само со брод. Престојот во Чањ надополнет со излети во неговата непосредна околина нуди можност за одличен одмор.


На само 250 метри од плажата се наоѓа Хотел Бабовиќ кој располага со модерно опремени трокреветни соби (брачен кревет и еден единечен) и двокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, фрижидер, тв, клима чие користење е вклучено во цената и тераса. Исхраната  е во ресторан во склоп на хотелот на база на полупансион и вклучува појадок (шведска маса) и вечера (избор од две јадења). Хотелот располага со сопствен бар на плажа Vela Beach Bar. Хотелот поседува и бесплатен паркинг за своите гости.       

ПЕРИОД ПО ЛИЦЕ ДНЕВНО ЗА HB
31.05 – 10.06.2022 23 ЕВРА
10.06 – 30.06.2022 28 ЕВРА
30.06 – 29.08.2022 34 ЕВРА
29.08 – 18.09.2022 28 ЕВРА
18.09 – 28.09.2022 23 ЕВРА

– цената е по лице дневно со појадок и вечера ( шведска маса)

–        –  еднокреветна соба +50% доплата

–       Попусти за деца ( со двајца возрасни)

–       До 2 год – гратис

–       Од 2 до 12год (без кревет со храна) – 50% попуст

–       Дете до 12год (со кревет и храна) – 30% попуст

Туристичка такса се плаќа на лице место при сместување ( 1,5 евро по ден по лице, деца од 2-12 год плаќаат 0,5 евра, од 12-18 год. 1 евро дневно)