Галерија
Локација: Хотелот Спорт се наоѓа во спортскиот центар на селото Маврово
Во близина на Мавровското езеро, претставува централна точка од која можете да ги започнете вашите дневни активности. Хотелот Спорт се состои од две згради со 28 Делукс гостински соби, 4 апартмани, ресторан и бар. Сите соби се опремени со приватна бања, сателитски ТВ приемник и директна телефонска линија. Хотелот Спорт обезбедува најповолно сместување во ски центарот Маврово, преку целата година.
*Цените се по соба на ден и се за ноќевање со појадок
*За деца од 0-6 години сместени со родителите сместувањето е бесплатно
*За деца од 6-12 години сместени со родителите сместувањето е со 50% попуст
*Користење на надворешен базен и сауна е бесплатно