Галерија
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА БОГОЕВИЌ – Сутоморе
ВИЛА БОГОЕВИЌ располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби. Собите на првиот и вториот кат се со заедничко купатило, односно на две соби има еден тоалет. Овие соби немаат клима и фрижидер. ( цените со* ). На третиот кат дел од собите имаат сопствено купатило, клима и фрижидер. Kористење на клима уредот е вклучен во цената во оние соби во кои има клима.
цените обележани со * се за собите со заедничко купатило, без клима и фрижидер
1 | 14.06-23.06 | 155* | 170 |
2 | 23.06-02.07 | 165* | 190 |
3 | 02.07-11.07 | 185* | 200 |
4 | 11.07-20.07 | 195* | 210 |
5 | 20.07-29.07 | 195* | 210 |
6 | 29.07-07.08 | 195* | 210 |
7 | 07.08-16.08 | 195* | 210 |
8 | 16.08-25.08 | 185* | 220 |
9 | 25.08-03.09 | 165* | 190 |
10 | 03.09-12.09 | 155* | 170 |
* Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ
(9 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз).
– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
– Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра) за сместување во 1/3 соба
– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба
-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст
– Дете до 5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).
* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место
Попустот важи за сместување со две возрасни лица
Поаѓање за Црна Гора:
Скопје ( паркингот кај Борис Трајковски ) – 05.00 часот
– Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
НАПОМЕНА: