Галерија
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор.
ПРЕД СЕЗОНА ВО СУТОМОРЕ – ГРАТИС ПОСЕТА НА ОСТРОГ И БУДВА
БЕЗ ПЦР ТЕСТ
МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА СО ЛИЧНА КАРТА
смена | период | услуга | цена |
1 | 13.05-22.05 | 9 ноќевања и превоз | 80 |
2 | 20.05-29.05 | 9 ноќевања и превоз | 85 |
3 | 27.05-05.06 | 9 ноќевања и превоз | 95 |
4 | 03.06-14.06 | 11 ноќевања и превоз | 120 |
ЦЕНОВНИК ЗА СЕЗОНА
1 | 14.06-23.06 | 200 |
2 | 23.06-02.07 | 210 |
3 | 02.07-11.07 | 240 |
4 | 11.07-20.07 | 270 |
5 | 20.07-29.07 | 270 |
6 | 29.07-07.08 | 270 |
7 | 07.08-16.08 | 270 |
8 | 16.08-25.08 | 250 |
9 | 25.08-03.09 | 230 |
10 | 03.09-12.09 | 220 |
* Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ
(9 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз)
– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
– Второ дете до 12 год. ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра) за сместување во 1/3 соба
– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба
-Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст
– Дете до 5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).
* Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место
Попустот важи за сместување со две возрасни лица
Поаѓање за Црна Гора:
Скопје (паркингот кај Борис Трајковски ) – 05.00 часот
– Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)
НАПОМЕНА