Атос е третиот “крак” од полуостровот Халкидики. Познат уште и како “Света Гора” затоа што таму се наоѓаат околу 20 манастири. Карактеристичен за Атос е и врвот на истоимената планина, кој се наоѓа на 2033 метри надморска височина. Само мал дел од островот е достапен за туристи и претставува интересна дестинација за одмор.