Касандра е првиот и најпосетуван “крак” од полуостровот Халкидики. Изобилува со голем број на апартмани и хотелски сместувачки капацитети. Во текот на летото туристичките места се полни со живот и нудат забава за сите возрасти. Песочните плажи и големиот број на барови, таверни и ресторани ја прават оваа дестинација атрактивна за туристите.