Крит е најголемиот остров во Грција и петти на Медитеранот. Првите знаци на цивилизацијата датираат од пред 6000 години п.н.е и поради што, со право овој остров денес се смета за родно место на европската цивилизација. Благодарејќи на својата географска положба (помеѓу Европа, Азија и Африка), многу цивилизации од минатото оставиле свој белег на Крит, кој може да се доживее и денес. Крит е остров кој има се’ што би посакале да имате на еден прекрасен одмор. Од високи планини, до воодушевувачки и прекрасни плажи. Пространи полиња со маслинови дрвја, Резултат со слика за crete од кои се добива познатото критско маслиново масло, како и убави виногради. Шетајќи низ островот, на многу места можат да се видат археолошки и историски споменици, кои низ долгите векови биле создавани од луѓето. Но тука, освен историскиот, истовремено можете да го почувствувате и пулсот на модерниот Крит. Медитеранскиот начин на живот во него, целосно може да се доживее при посетата на бројните ресторани со медитеранска и грчка кујна, на ноќните барови и диско клубови, или пак едноставно со прошетка низ бројните населени места.
Површина: 8.340 км2
Поголеми градови: Хераклион, Херсонисос, Ханиа, Ретимно, Аг.Николаос
Популација: 540.000 жители
Официјален јазик: грчки и англиски во туристичките места
Локално време: +1 час во однос на македонското време
Локален транспорт: такси, автобус и рент а кар
Температура: на воздух: 29-35с (степени) и вода: 24-27C
Knossos Museum
Полудневен излет во кој ќе ги откриете тајните и животот на првата европска цивилизација – Минојската цивилизација. Нивното населување започнува пред околу 4000 години основајќи култура која има влијание врз понатамошниот развој на европската култура. Ќе имате можност да ја посетите првата Европска палата и да ги откриете многуте митови врзани за истата. Шетајќи низ тесните улици ќе ги видите симболите и ќе го почувствувате духот на најраната цивилизација. По посетата на Палатата на Кралот Минос следи краток одмор во Ираклион и запознавање на градот со посета на археолошкиот музеј.
Santorini Cruise
Целодневно крстарење до Санторини. Санторини е остров кој плени со своите убавини. Се смета за еден од најпривлечните острови на Медитеранот. Формиран од вулканско тло каде лавата направила најразлични чудесни форми кои надополнети од прекрасната природа прават да се чувствувате восхитено. Посебноста на Санторини е врзана со малите бели селски куќи и прекрасните глетки кон Егејското море.
Samaria Gorge
Целодневен излет. Спектакуларно патување за оние со авантуристички дух кои уживаат да пешачат. Посета на најдолгиот и најубавиот кањон во Европа (18км) пешачење околу 4-6 часа. Ќе имате можност да уживате во прекрасната природа која не е допрена од човечката рака. Авантурата започнува од Omalos Plateau, a завршува на Либанското Море во Ag.Rumeni каде ќе можете да се освежите пливајќи во прекрасните сини води на Либанското Море. По факултативниот ручек со фериброд пловејќи покрај островот ќе се вратите назад.
Cretan Evening
Критска вечер исполнета со забава и возбуда во традиционално село во планините. Уживајте во локалната кујна (храна и неограничени количини вино) со изобилство на традиционални танци и музика. За вечерта да ви биде уште поубава ќе се погрижат музичари и танчери кои ќе свират и играат во живо. Не се плашете да заиграте и вие некои од нивните танци и да го почувствувате вистинскиот дух на Крит.
Spinalonga
Полудневен излет. Крстарење до островот Spinalonga. Ова е едно од најпопуларните патувања. Остатоци од Венетианските тврдини, кои останале недопрени со векови. Воедно оваа тврдина не била никогаш освоена од Турскиот окупатор. Организирана тура со водич ќе ви ја долови вистината за овој мал остров. Воедно можете да уживате во традиционалната храна во еден од локалните ресторани со поглед кон Егејското Море.
Chrissi Island
Целодневен излет. Незаборавна повидба од Ierapetra до најјужниот и најегзотичен остров на Европа. Овде ќе можете да уживате во златните песочни плажи и прекрасната тиркизна вода разубавена со разнобојните школки и фосили. Одлично место за релаксација и уживање во она што природата го створила. Можност за ручек во една од локалните таверни со свежа морска храна.
Elafonissi
Целодневен излет. Можност да уживате во прекрасната бела песочна плажа на јужнозападниот дел од Крит. Возејќи низ дивата природа и поминувајќи низ тунел ќе дојдете до манастирот Св.Софија. Како што зборува легендата ова било местото каде Св.Јован поминувал често, oвде ќе имате можност да ги видите неговите стапки. Патувањето продолжува до манастирот Chrissoskalitissa. Јужно од манастирот ќе можете да уживате во лагуната со бела песочна плажа и кристално чиста вода. Уживајте!
Gramvousa–Balos
Целодневен излет. Прекрасно патување за оние кои уживаат во сонцето. Северозападно од Ханиа. Ова е уникатно карпесто место каде се наоѓа и центар заштита на одредени видови. Предизвикувачки потег за искачување на 137 метри до Венетианската Тврдина, која никогаш не била освоена од Турските окупатори. Подоцна можност за посета на лагуната Balos, со мирна морска вода и златни школки. Не пропуштајте ја оваа авантура!
Аqua Park
Забава до бескрај во “Водениот Свет”. Луди реки, Тобогани, Базени со бранови и многу други интересни водени лудории. Одлична можност за вистинска луда водена забава. Уживајте под топлото сонце и откријте ги убавините на овој парк. Не пропуштајте луда забава!
Jeep Safari
Одлична идеја за оние кои уживаат во авантурите низ природа. Организирано од професионалци. Открите ги природните убавини и скриените тајни на Критските планини, кањони и кристално чисти води. Можност за возење низ планинските предели и разглед на пејсажи кои ќе ви го одземат здивот! Овој остров ќе ви понуди многу повеке од плажа и сонце.
Можност за патување далеку од главните туристички дестинации каде што современата цивилизација нема допрено. Можност за доживување на вистинскиот селски живот кој не е промет со векови. Ќе имате можност да се запознаете со локалните жители, нивните навики и секојдневни активности. Во овој излет ќе се посетат неколку села, секое со свој дух и свои убавини. Можност за ручек во некоја од локалните таверни. Почуствувајте го духот на стариот Крит и уживајте во неговите убавини.
1. ден (петок) СКОПЈЕ – ХЕРАКЛИОН
Состанок на скопскиот аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетување на авионот кон Хераклион во 01:05 часот. Пристигнување во Хераклион во 03:30, по пристигнувањето, трансфер до избраниот хотел и сместување во соба. Ноќевање. Појадок и слободен ден за одмор.
од 2. до 6. ден (сабота/среда) ХЕРАКЛИОН (летување)
Престој во избраниот хотел во средишниот регионот на Крит (Хераклион, Херсонисос, Малија…), на база на избрана услуга со 7 ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
7. ден (четврток) ХЕРАКЛИОН
Напуштање на собите и одјавување од хотел според хотелските правила. Во доцните вечерни часови, организиран трансфер кон аеродромот во Хераклион и директен лет за Скопје.
8. ден (петок) ХЕРАКЛИОН – СКОПЈЕ
Полетување во раните утрински часови 04:10, слетување во Скопје рано наутро во 04:40 по локално време.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: – Превоз со авионски чартер лет на релација: Скопје-Хераклион-Скопје – Трансфери на Крит, на релација: аеродром – хотел – аеродром – Сместување во место, хотел и услуга по избор од табелите – Организација и реализација на аранжманот |
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродоромски такси: 49 € по лице, освен за деца (inf.) под 2 години
(се уплатува во агенцијата, заедно со арнжманот)
– Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)
– Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– За дете од 0 до 2 години не се плаќа и нема седиште во авионот
(доколку поинаку не е назначено)
– Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување со две возрасни лица
НАПОМЕНИ:
– Цените се изразени во EUR, за уплата во денарска противвредност по пресметковен курс 1€ = 62 мкд
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ, КИНИССИ Т.О. и АСА ТУР
ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
– Проверете ги сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување.
– Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
– Понудата во ова издание се однесува на ограничен број места.
– Организаторот не одговара за евентуални ненамерни грешки настанати при техничката подготовка.
– Организаторот го задржува правото на промена на цените согласно Општите услови на патување.